ХЕРАЛ МЕТАЛ Скопје е компанија, специјализирана за производство на метални конструкции и компоненти, заварување и машинско одржување на фабрики. Со посветеност на квалитет и иновации, се етаблиравме како лидер во индустријата, обезбедувајќи производи и услуги кои ги задоволуваат потребите на нашите клиенти.
Нашата визија и мисија за стабилна и профитабилна компанија се потврдуваат од самиот почеток на проектите преку нивна реализација и со постојано подобрување и инвестирање во ресурсите. Имено, мисијата на компанијата е производство на производи, со висок квалитет.
Во остварување на своите деловни активности, ХЕРАЛ МЕТАЛ Скопје се обврза да негува одговорен пристап кон клиентите, потрошувачите, вработените, добавувачите, подизведувачите, општествената заедница и сите другите заинтересирани страни.

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ, ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

 

 

За таа цел, ХЕРАЛ МЕТАЛ Скопје воспостави ефективен интегриран менаџмент систем, се со цел:

– Почитување на законските барања, прифатените барања на меѓународните стандарди (ИСО 9001:2015, ИСО 14001:2015 и ИСО 45001:2018) и договорени
барања, како и почитување на ЕУ Директиви и меѓународни конвенции на локациите на странските пазари на кои работиме;
– Комплетно исполнување и надминување на барањата и очекувањата на клиентите (инвеститорите);
– Одговорно и навремено изведување на проектите;
– Разбирање на контекстот на организацијата, односно разбирање на потребите и очекувањата на засегнатите страни;
– Создавање коректни односи со инвеститорите и добавувачите, како и позитивно влијание за нивно унапредување и обезбедување на квалитетни и безбедни производи, преку постојана влезна и излезна контрола;
– Обезбедување ресурси за одржување, континуирано подобрување и унапредување на воспоставениот интегриран менаџмент систем;
– Обезбедување адекватна и безбедна работна средина, здравствена заштита и заштита при работа со цел да спречиме повреди при работа;
– Создадеме мултидисциплиниран тим, составен од обучени, компетентни и мотивирани вработени. За таа цел, континуирано вложуваме во стручното доусовршување на вработените и водиме грижа за нивните потреби и интересите;
– Размислување базирано на ризиците и можностите;
– Идентификување и елиминирање сите потенцијални ризици кои можат негативно да влијаат на нашите производи и услуги, организација, вработени, заедница, климатските промени, животната средина и безбедност и здравје при работа;
– Грижа за животната и работната средина преку утврдување и мерење на загадувањето од работните процеси. Целта е да ја заштитиме животната средина преку систем на мониторинг и контрола на аспектите на кои влијаеме, со што превентивно делуваме со нашите деловни активности да ги исполниме планираните програми, цели и задачи;
– Воспоставување на ефикасна комуникација со сите заинтересирани страни за транспарентност во работењето и размена на информации;
– Постојано подобрување на интегрираниот менаџмент систем.